Видео: БУГАРСКИ НОВИНАР ТВРДИ БУГАРСКОТО ЗНАМЕ НЕ Е СИМБОЛ НА БУГАРСКИОТ НАРОД: Не можам да сфатам зошто толку се вознемирија од палењето на знамето
Јас не можам да сфатам зошто толку се вознемирија Бугарите од палењето на знамето на карневалот во Вевчани, објави бугарскиуот новинар Михаил Михаилов, за што сподели и видео.
Единствено вина за палењето на знемето имаат властите во Бугарија, вели тој, нагласувајќи дека тоа е направено како последица на како што вели, „бесмисленото вето“
Михаилов во видеото наведува дека во Бугарија живеат не само Бугари туку и Македонци.