АНКЕТА: Заев би бил фаворит ако влезе во претседателските избори
Анкета на телевизијата Телма и МЦМС покажува дека актуелниот премиер Зоран Заев би имал најголема поддршка за избор. Од понудените опции 12,4 проценти од граѓаните рекле дека би му дале доверба на Заев. Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ и актуелниот министер за надворешни работи Никола Димитров би добиле доверба од 8,2 отсто. Анкетата е спроведена од 7 до 14 декември на репрезентативен примерок од 1014 испитаници.
Во анкетата Стево Пендаровски има поддршка од 6,8 проценти, Бујар Османи со 6,5 отсто додека Имер Селмани добива 5,8 отсто.
Она што е забележливо е што во анкетата дури 19 проценти од граѓаните рекле дека идниот претседател не го гледаат во ниту еден понудените кандидати, а 15 проценти се уште не одлучиле.
Според анкетата можен е консензуален кандидат меѓу СДСМ и ДУИ. Во ваква констелација за Заев би гласале 10,2 отсто од Македонците и 11,2 проценти од Албанците. Втор би бил Никола Димитров, а трет е Стево Пендаровски.
Ако кандитот е од албанските партии прв е Бујар Османи со 22,7 проценти поддршка, а веднаш зад него е Имер Селмани со 20,8 отсто. На трето место е Теута Арифи со 12,3 отсто.