Спасовски во отворена пресметка со корупцијата, приведен полицаец
Приведен е еден вработен во МВР, а уште други седум вработени заработија кривична пријава затоа што „штанцале“ возачки дозволи за пари, без положен испит, дознава Канал 5 од извори во истрагата.
Кривична пријава има и за 28 граѓани што си купиле возачка без да положат. Според нашите извори денеска имало претреси во домовите на инволвираните, но и во Одделението за управни работи во Скопје, каде се издаваат возачките дозволи.
Полицајците се суспендирани од работа и сега кривично ќе одговараат, а купувачите на дозвола ем ќе останат без дозвола ам ќе одговараат на суд. Акцијата доаѓа само два дена по акцијата на МВР за ловење на неплаќачите на патарина, каде исто така паднаа шест полицајци.
Очигледно, МВР и министерот Спасовски веќе на дело ја спроведуваат најавената пресметка со корумпираните.