Оксфорд со жесток одговор до Емануел Макрон: “Не знаеме што зборува тој човек”
Вакцината “Ковидшилд”, која ја развила “АстраЗенека” и универзитетот во Оксфорд, дава добар имунолошки одговор и кај постари лица, иако нема доволно податоци да се одреди точната ефикасност, рекол еден од творците на оксфордската вакцина, Ендру Полард, и додал дека “не знае што зборува Емануел Макрон”.
Запрашан да ја прокоментира изјавата на претседателот на Франција Емануел Макрон, дека вакцината е “квази-ефикасна” за лица постари од 65 години, Полард рекол:
“Не разбирам што значи таа изјава. Поентата е дека имаме помалку податоци за постари луѓе, поради што луѓето имаат помалку доверба во нивото на заштита”.
Тој додал дека имунолошкиот одговор кај постарите луѓе е многу случен како и кај младите.
“Заштитата која ја гледаме оди во иста насока, јачината е слична”, додал тој, пренесува “Reuters”.
Полард оценил дека разни земји препорачале вакцината да не се користи исто во сите земји, откако француското здравствено регулаторно тело советувало да се дава само на помлади од 65 години, но еден од шефовите во Оксфорд потсетил дека Европското регулаторно здравствено тело ја одобрило вакцината.