Запознајте го човекот кој го прошетал цел свет, но во една земја се плашел да зачекори – Ентони Борден
Тој бил еден бестрашен авантурист, но имал еден страв кој што не можел да си го објасни ниту самиот себе.
Ентони Борден засекогаш ќе го паметиме по тоа што ги рушел сите предрасуди и бариери и го променил начинот на кој што треба да патуваме и да ја консумираме храната.
Тој го пропатувал целиот свет во потрага по автентични специјалитети и му покажал на светот зошто не треба да се плашите од непознатото – во Виетнам изел срце од кобра додека сè уште чукало.
Сепак, овој бестрашен авантурист одбивал да посети една земја, пренесува „Readers Digest“. Тој не се плашел од политичките немири или пак нехигиенските услови, туку се плашел од Швајцарија.
Иако станува збор за земја позната по мирот, чоколадото и прекрасното сирење, Борден имал морбиден страв од оваа дестинација.
„Мора во детството да сум имал некое страшно искуство кое што ме блокирало“, изјавил Борден во неговата емисија.
„Дури и прекрасните алпски предели, снежните убавини, Женевското езеро, часовниците и шеширите со пердуви – сето тоа ми е страшно“, признал тој.
„Тоа едноставно го чувствувате во с’ржта. Ужасно е“, изјавил Борден за јодлањето, посебен вид пеење по што Швајцарија е препознатлива.
Освен од Швајцарија, Борден се плашел и од кловнови, мимичари, караоке и глувци. Тука е и храната која што се заколнал дека никогаш нема да ја проба во животот – месо од мачка, куче и храна која што се служи во авион.
Извор Tocka.com.mk