Филмски грабеж на Аеродром во Тирана: Еден убиен, избегале со 10 милиони евра

Филмски грабеж на Аеродром во Албанија, албанската полиција соопшти дека е пукано во маж откако група неидентификувани лица извела кражба на меѓународниот аеродром вчера, а Дејли Меил соопштува дека се украдени 10 милиони евра.

Неидентификувани вооружени напаѓачи влегле во меѓународниот аеродром преку помошна врата, и ги украле торбите со банкноти од комбе од кое требало да бидат префрлени во авион, по што веднаш побегнале.

Полицијата само навела дека станува збор за група маскирани и вооружени мажи, како и дека кражбата се случила попладнето на аеродромот Мајка Тереза Ринаси во Тирана, пренесе АП.

Како што се наведува, дошло до размена на оган на километар од аеродромот, и при таа прилика е убиен маж.

Ова не е прв ваков грабеж на аеродромот.

Во февруари 2017 година, крадците успеале да избегаат со 3,2 милиони евра во сличен грабеж, додека во јуни 2016 година биле украдени уште 995.000 евра. Во 2015 година имаше уште два грабежи.

Translate »