Убијте ме или спасете ме од болки- Сведоштво на родилка на која во стамокот ѝ заборавиле завој долг 2 метра
Во Основниот суд во Бијељина започна судењето на медицинскиот тим, составен од гинеколог, медицинска сестра и медицински техничар. Против нив е покренато обвинение за несовесно лекување. За време на процедура на царски рез, тие во стомакот на родилката заборавиле газа.
Завојот во должина од 2 метра, како страно тело во стомачната шуплина , предизвикал воспаление кај пацинетката. Два месеци подоцна таа била оперирана во Клиничкиот центар во Нови Сад . Врз неа била извршена сложена хируршка интервенција која траела 5 часа при што ѝ бил отсранет дел од тенкото црево и речиси целосно дебелото црево, со што нејзиното здравје трајно е нарушено.
Оштетената Светлана Ѓуровиќ во судницата со солзи во очите раскажа за болките и маките кои ги преживеала по породувањето во бијељинската болница,
Таа, по породувањето, два месеци била во константни и неподносливи болки од десната страна на стомакот, под ребрата. Постојано била со температура, што укажувало дека има некаков вид инфекција. Сепак, лекарите ја уверувале дека е се во ред гинеколошки и дека болките најверојатно се резултат на камен во жолчката или во бубрегот иако урологот ја негирал таквата можност.
” Имав чувство дека си играат мајтап со мене. На прегледите само ми го пипкаа стомакот. На своја иницијатива отидов на преглед во Нови Сад. Лекарите таму ми кажаа дека проблемот е во цревата. Високата температура и постојаниот пролив укажуваа дека имам апцес. Им реков: Или убијте ме или спасете ме од болкиве! На снимките од компјутерската томографија се покажа дека дека имам нешто кај цревата и тогаш ме оперираа. Мислев дека нема да преживеам!”, изјави во судницата младата мајка.
Обвинителството тврди дека здравјето на Ѓуровиќ е сериозно оштетено. Таа има пореметување на работата на цревата, дневно оди и по десет пати во ве-це, а треба да ѝ се направи уште една операција за да се отстранат прирастоците . Оштетената бара најостро да се санкционираат виновниците за нејзината состојба и да ѝ се плати за претрпената болка и нарушеното здравје.
Адвокатите на обвинетата докторка, сестрата и техничарот, побараа да се прецизираат датумите на лекарските прегледи и да се утврди дали пациентката редовно се појавувала на лекарксите прегледи после породувањето.