Трамп кон ЕУ: Доста не искористувавте, тоа наскоро ќе престане
“Светската трговска организација утврди дека субвенциите на Европската компанија за авионската компанија “Airbus” имаат негативно влијание на САД, кои сега ќе воведат царини на 11 милијарди долари вредни производи од ЕУ”, напишал претседателот на САД на Твитер.
Трамп додал дека ЕУ ги искористувале САД за трговија долга низа години и дека тоа ќе престане наскоро.
Претходно од канцеларијата на американскиот трговски претставник, Роберт Лајтизер било кажано дека се разгледува можноста за воведување на такса на производи од ЕУ во вредност од околу 11 милијарди долари.
Donald J. Trump✔@realDonaldTrump
The World Trade Organization finds that the European Union subsidies to Airbus has adversely impacted the United States, which will now put Tariffs on $11 Billion of EU products! The EU has taken advantage of the U.S. on trade for many years. It will soon stop!54.9K1:34 PM – Apr 9, 2019Twitter Ads info and privacy22.5K people are talking about this
Авионите и сирењето се некои од производите за кои би можеле да се воведат тарифи, рекол Лајтхајзер.
Тој чекор би довел до ескалација на трговските тензии меѓу САД и ЕУ.