Стотина исчезнати, меѓу кои 40 деца во пожарот во трговскиот центар во Русија

Се стравува дека околу стотина луѓе загинале во пожарот во трговскиот центар во рускиот град Кемерово,а голем број од жртвите се деца.

Засега е потврдена смртта на  35 лица   , но  уште 69 се водат како исчезнати, а 40 од нив се деца.

Само во кино салата  во трговскиот центар се пронајдени тела на 13 деца.

Во Русија е школски  распуст и  децата  биле оставени сами во киното, а нивните родители шетале низ продавниците.

12 годишната Викториа Пошанкина останала заробена во киното. Последниот телефонски повик и бил упатен кон нејзината тетка :”Околу мене е оган, вратата е блокирана, не можам да дишам , не можам да излезам! Кажи и на мама дека ја сакам”!

Викторија, последниот повик  бил упатен до тетка ѝ

Според првичните сознанија, пожарот најверојатно избувнал во делот каде биле сместени  игротеките за деца, каде имало и мини зоолошка градина. Родителите ги постираа сликите на своите деца кои се водат како исчезнати.

Дариа Сараева, 13 години, исчезната

 

Мариа Морос, 13 години , се води како исчезната

Истрагата констатирала дека помошните излези не биле во функција, а имало и други безбедносни пропусти според прописите на објекти со голема фреквенција на луѓе.

 

Фотографија направена во трговскиот пред пожарот
Стотина пожарникари го гасеа огнот

 

Translate »