Жерновски и Саздовски влегоа во ЦО на СДСМ
Андреј Жерновски, поранешниот лидер на ЛДП и градоначалник на општина Центар и Чедомир Саздовски, независен пратеник во Собранието, кој претходно беше дел коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ како член на ГРОМ, од денеска се членови на централниот одбор на СДСМ. Ова е одлучено вечерва, на петатта седница на централниот одбор на СДСМ.