11 годишно момче се спасило од пожарот, скокајќи од 4-ти кат на трговскиот центар (Видео)

 

11 годишниот Сергеј Москаленко успеал да се спаси,  скокајќи од прозорец на 4-тиот кат на трговскиот центар во рускиот град Кемерово , кој изгоре во пожар.

 

Тој со уште десетина деца бил во кино салата, кога огнот се проширил низ центарот. Во Русија е школски  распуст и  децата  биле оставени сами во киното, а нивните родители шетале низ продавниците.  Во пожарот загинале најмалку пет лица, од кои 4 деца.

12 годишната Викториа Пошанкина останла заробена во киното. Последниот телефонски повик и бил упатен кон нејзината тетка “Околу мене е оган, вратата е блокирана, не можам да дишам , не можам да излезам! Кажи и на мама дека ја сакам”!

Малата Викториа се води како исчезната

Се уште не е позната причината за пожарот, но  ниту автоматските прскалки за гасење пожар ниту противпожарниот аларм не функционирал во објектот.  Излезните врати за вонредни случаи  исто така биле затворени. Родителите ги објавиле сликите на исчезнатите деца..

Дараиа Сараева, 13 години, исчезната

 

Черникова Вилена исто така била во кино салата

 

Translate »