Ресторани „Сидро“: Еко локали со врвна морска храна!
Сите угостителски објекти треба да имаат изградени и поставени еколошки практики, кои во најмала рака ќе го намалуваат нивниот негативен ефект кон природата. А рестораните „Сидро“ се издвојуваат од другите затоа што ја прифаќаат и ја нагласуваат еколошката свесност во секој аспект од своето работење – од набавката и подготовката на храната, па се’ до секојдневното работење на ресторанот и користењето на енергија и природни ресурси – со што овие ресторани активно го намалуваат „јаглеродниот отпечаток“ кој го оставаат зад себе со својата работа.
„Сидро“ и „Сидро 2“ се познати рибни ресторани во Скопје чие мени содржи широка понуда на секаков вид свежо подготвена, вкусна и квалитетна морска храна за која луѓето од земјава се спремни да допатуваат до главниот град за да ја пробаат. А сепак, иако се најпрепознатливи по вкусната храна и морските специјалитети, во последните години овој ланец ресторани почна да станува популарен и по својата еко-заложба за заштита на животната средина и одговорно однесување со околината.
Ресторанот Сидро 2 со својата градина не само што го разубавува овој дел од градот, создава мала оаза сред бетонската џунгла, а истовремено и не загадува.
Секој локал од угостителската дејност е корисник на пластични пакувања и амбалажи, но не е кај секого исто нивото на еколошка свест и поради тоа се разликуваат начините на кој истата таа пластика се одложува.
Во случајот на скопските рибни ресторани „Сидро“, правилното одложување на пластиката, стаклото и останатиот амбалажен материјал е приоритет и еден од темелите на кои се основа нивната еколошки одговорна пракса.
„Било кој претприемач што се занимава со подготвување на храна, особено морска храна, мора да биде свесен за важноста на природните ресурси, за животната средина и за начините на кои може да ги зачуваме истите. Затоа, тука во рестораните ‘Сидро’, еколошката свест инсистираме да биде на високо ниво, за секој да ја разбере неговата одговорност кон природата. Селектирањето на отпадот е само еден од чекорите кои ги преземаме за да ја исполниме нашата еко заложба“, вели сопственикот на Сидро.
Како ресторани кои имаа капацитет од повеќе од 200 гости, сосем очекувано, „Сидро“ користи многу пластични и стаклени амбалажи во текот на еден ден. Но, во духот на еколошката свесност и одговорната практика, искористените амбалажи се селектираат, одложуваат и завршуваат во соодветните канти и на тој начин влегуваат во рециклажната мрежа. Дури и сопствениците на „Сидро“, кои силно стојат зад својата заложба за еколошки одговорно работење, нагласуват колку е тоа важно за претприемачите од угостителската гранка.
Рестораните „Сидро“ користат и фотоволтаичен систем за електрична енергија, кој помога да се работи енергетски ефикасно и да се намали потрошувачката на природни ресурси, а истовремено и да заштеди и да го намали негативниот ефект врз околината. Дел од постојаната еко иницијатива е и еколошката практика на селектирање на отпадот од ресторанот. Рестораните „Сидро“ и „Сидро 2“ се меѓу најголемите и најактивните селектирачи на пластичен, стаклен и хартиен отпад помеѓу бизнисите во земјава. Над 4000 пластични шишиња завршуваат на рециклирање наместо во Дрисла.