Нема да има отворање на молови, обложувалници и кафани во Македонија

Алсат ТВ дознава дека Владата нема скоро да го ослободи работењето на моловите, обложувалниците и угостителските објекти по завршувањето на состанокот на работната група со Комисијата за инфективни болести. Денес се решаваше дали ќе започне транзициската фаза со ослободување на овие мерки, но до истите нема да дојде поради зголемувањето на бројот на заразени лица во последните три дена.

Телевизијата неофицијално  дознава дека нема да има олеснување на мерките, а членовите на Комисијата на ова тема ќе дебатираат повторно некој ден од понеделник па натаму.

Translate »