Водич за негување на нервниот систем – Совет броj 1. Избегнувајте постојано читање на вести
Излегувањето од рутината, особено во ваков период, може да доведе до зголемување на стресот кај повеќето луѓе. Неизвесноста во која што живееме не тера постојано да бидеме загрижени и многу често се случува тоа да прерасне во анксиозност. Затоа е особено важно што помалку да бидеме изложени на информации кои дополнително можат да не’ вознемират. Иако импулсивно поради вонредната состојба, често посегнуваме кон постојано читање на вести поврзани со актуелната криза, потребно е да развиеме механизам со кој нема да дозволиме да влеземе во замката од вртлогот на информации.
Анксиозноста во голем број истражувања се поврзува со манифестација на болки во грбот, половината и мускулите, кои најчесто се показател дека ни страда периферниот нервен систем. Акумулацијата на прекумерен стрес го спречува хранењето на нервниот систем со сите потребни состојки за истиот да функционира нормално, во краен случај истото се манифестира со болки во половината, трнење на екстремитетите или мускулни болки.
Токму од тие причини во вакви вонредни услови, за да го сочуваме нервниот систем потребно е што помалку да се изложуваме на стрес, а истиот во голема мера го предизвикува прекумерната изложеност на стресни вести и информации. Дополнително од особена важност е да внесуваме што повеќе хранливи состојки, преку храна или преку суплементи од групата на Б витамини, со цел стресот да не ни прерасне во мускулна болка. Запомнете: Прекумерното читање на вести нема да ја промени нити подобри ситуацијата, но може да го промени и наруши вашето здравје, а пред се вашиот нервен систем.