Кое е ветувањето што Вилијам ѝ го дал на мајка му Дијана, но никогаш нема да може да го исполни?

Принцезата Дијана по разводот со Чарлс ја загубила титулата принцеза, па морала да им се поклонува и на синовите, што ѝ паднало мошне тешко – кое ветување ѝ го дал тогаш младиот Вилијам ветување на мајка му за да ја утеши по разводот со Чарлс?

Откако Чарлс стана крал, неговиот син Вилијам е чекор поблиску до титулата, а смртта на кралицата Елизабета многумина ги потсети на настаните од минатото, на смртта на принцезата Дијана и нејзиниот турбулентен брак со Чарлс.

Дијана и Чарлс официјално се разведоа во 1996-та година, а парот се раздели 4 години претходно во 1992-ра година.

По разводот, на Дијана ѝ беше одземен буџетот за патувања, канцеларијата каде ја вршеше својата добротворна мисија, ги загуби персоналот и полициската заштита, но најтешко ѝ падна тоа што ја загуби титулата и статусот височество.

Според пишувањата од тоа време, кралицата Елизабета не сакала на Дијана да ѝ биде одземена титулата, но Чарлс остро се противел на тоа, по што морала да им се поклонува на сите членови во семејството, па дури и на сопствените синови, принцовите Вилијам и Хари.

Вилијам за време на разводот на неговите родители, во 1996-та година имал само 14 години и студирал на колеџот Етон во Виндзор, кога на мајка му ѝ дал ветување, што било откриено многу подоцна.

Долгогодишниот батлер на Дијана, Пол Барел во 2001-ва година објави книга насловена A Royal Dutyкаде раскажа како реагирал принцот Вилијам кога било донесена одлуката неговата мајка да мора да му се поклонува секојпат кога ќе го види:

„Не грижи се мамо, јас ќе ти ја вратам титулата кога ќе станам крал“ – рекол младиот Вилијам.

Сепак, неговата мајка почина само една година подоцна, во 1997-ма година, а Вилијам не успеа да го исполни ветувањето што ѝ го даде на својата мајка.

На 20-годишнината од смртта на принцезата беше објавен документарен филм насловен Diana, Our Mother: Her life and legacy, каде Вилијам вели дека секогаш ќе жали за последниот разговор што го имал со мајка му.

Тој раскажа како сакал набрзина да ја „откачи“ од телефонскиот разговор, кога таа му се јавила од Париз, затоа што тој и принцот Хари си играле со нивните братучеди во Балморал.

Никој не знаел дека таа ќе почине само неколку часа подоцна:

„Хари и јас очајно сакавме да ѝ кажеме чао и да го прекинеме разговорот. Да знаев што ќе се случи подоцна, никогаш немаше да бидам толку рамнодушен за разговорот и за сѐ друго. Но, тој разговор засекогаш ќе ми остане врежан во сеќавањата“ – рече Вилијам.

Се смета дека денешниот однос на Вилијам со неговите деца во голема мера се должи на односот со неговата мајка, која во минатото дури и се спротивставувала на протоколот на кралското семејство за да направи нејзините деца да се чувствуваат удобно и безбедно.

Translate »