Дестинација од соседството се најде на листата на топ места кои треба да ги посетите во животот

Туристичкиот магазин „Town and Country“ ја претстави листата од 23 места кои ги препорачува за посета во 2023 година, а од Мадрид, преку Турција до Трансилванија на листата се најде и Црна Гора.

„Црна Гора практично е создадена за истражување со јахта“, наведува „Town and Country“ цитирајќи го британскиот поет Лорд Бајрон којшто рекол дека црногорското крајбрежје е „најубавата средба на копно и море“.

„Преполна со фјордови, прошарана со острови и древни градови (како што се Котор, Будва и Пераст) и со 72 километри плажи, оваа мала земја тивко се претвора во „niche“ дестинација за одмор на јахта – Хрватска без метеж“, наведува магазинот.

Паола Скалабрино од компанијата „Yachtzoo“ ја споредила со Норвешка: „Норвешка, но тука е топло“, навела таа.

Наведувајќи ги одморалиштата со пет ѕвездички го навеле „One&Only“ со напомена дека оваа пролет во австралиската тврдина од 1850-тите се отвора и островот Мамула.

На листата на препораки за 2023 година „Town and Country“ ги навела и дестинациите како што се Мадрид, Шкотска, Малдиви, а целокупната листа може да ја погледнете ТУКА.

Translate »