Научниците тврдат дека мозокот функционира и по смртта
Некои истражувања тврдат дека нашите мозоци сѐ уште функционираат по смртта, што значи дека откако ќе умреме, ние знаеме дека сме мртви. Според истражувачите, нашата свест продолжува да работи одредено време откако нашето физичко тело било прогласено за мртво. Тоа значи дека теоретски гледано, луѓето буквално можат да чујат како докторот ја прогласува нивната смрт.
Истражувањето било спроведено од тим на истражувачи предводени од страна на доктор Сем Парнија. Тие ги проучувале луѓето кои доживеале срцев удар, биле прогласени за мртви, но потоа биле оживеани. Но, уште поморничаво е тоа што се случило со „мртвите“ испитаници.
Голем број од учесниците во истражувањето изјавиле дека биле свесни за она што се случува околу нив за време на периодот кога биле прогласени за мртви. Иако повеќето не можеле да се сетат на конкретни работи, 39% од испитаниците можеле да опишат одредена „свесна перцепција“. Мал процент од нив откриле дека можеле да чујат цели разговори, па дури и да видат нешта околу нив.
Според зборовите на доктор Парнија, научната дефиниција за смртта гласи престанок на чукањето на срцето и на протокот на крвта до мозокот.
„Технички, така се одредува времето кога настапила смртта. Сѐ зависи од тоа кога престанало чукањето на срцето. Откако ќе се случи тоа, крвта не циркулира до мозокот, што значи дека мозочната функција веднаш престанува. Освен тоа, сите рефлекси се губат“, објаснил докторот.
Меѓутоа, можно е да постои дополнителна мозочна енергија што се јавува веднаш по смртта. Резултатите од ова истражување се поклопуваат со други истражувања, според кои луѓето можат да доживеат ограничена мозочна функција откако ќе умрат. Едно истражување од 2013 година, спроведено од страна на Универзитетот во Мичиген, ги проучувало мозочните сигнали на стаорци што биле под дејство на анестезија и доживеал срцев удар. Истражувачите ја набљудувале нивната мозочна активност и забележале „хипер будна состојба“ кратко по настапувањето на смртта кај стаорците.
„Ова е многу добар пример за идејата што постои веќе долго време, а тоа е дека во одреден непознати и збунувачки околности, како што блиското искуство со смртта, мозокот станува престимулиран и превозбуден. Тогаш, разни активности минуваат низ областите во мозокот поврзани со свесното искуство и ги полнат сите последователни перцепции со вистински чувства и емоциите“, откриле истражувачите.
Можеби се прашувате зошто научниците би ја проучувале смртта, но тие имаат совршено објаснување за тоа:
„Исто како што група истражувачи ја проучуваат квалитативната природа на ’љубовта’, така ние се обидувате да го истражиме она што го доживуваат луѓето кога умираат, затоа што знаеме дека тоа е поврзано со универзалното искуство што сите ќе го имаме кога ќе умреме“, изјавил доктор Парнија.
Многу луѓе тврдат дека имале блиско искуство со смртта или пак дека поминале низ вонтелесно искуство кога биле прогласени за мртви. Иако не можеме со сигурност да знаеме што ќе ни се случи откако ќе умреме, ваквите истражувања покажуваат дека можеби постои малку живот по смртта.