Што се случува откако ќе умреме?
Има ли живот по смртта? Ако е така, каде? Има ли рај? Што е небото? Што се случува со моето тело? Што е со мојата душа?Ова се едни од најкомплексните животни прашања, чии одговори се добиени со различен степен на успех од науката, уметноста и религијата.
Проверете ги најновите истражувања во врска со ова, објавено од британскиот весник “Експрес”:
Што ќе се случи со вашето тело откако ќе умрете?
Од медицинска гледна точка, смртта се јавува во две фази. Првата – клиничката смрт, продолжува четири до шест минути од моментот кога човек престанува да дише и срцето веќе не пумпа крв. За време на оваа фаза органите се уште се живи, а во мозокот има доволно кислород, па нема трајни оштетувања.
Втората фаза – биолошка смрт, е процес при кој органите на организмот престануваат да работат и клетките почнуваат да дегенерираат. Лекарите често може да го запрат овој процес со ладење на телото под нормалната температура. Ова им овозможува да го оживеат пациентот пред да дојде до оштетување на мозокот.Откако биолошката смрт ќе настапи, мускулите почнуваат да се опуштаат, вклучувајќи и сфинктер – што може да доведе до празнење на цревата. По 12 часа кожата ја губи бојата, а крвта тече во најниската точка на телото, предизвикувајќи црвени и виолетови лузни. Почнува стврднување на телото, што се должи на истекот на калциум кон мускулните клетки, кој се поврзува со протеини и ги тера да се стегнат. Освен ако телото не е балсамирано, тоа почнува да се разградува, штом крвта престане да циркулира. Процесот наречен гниење, се случува откако бактериите во гастроинтестиналниот тракт си пробиваат пат низ стомачните органи, ослободувајќи ужасни мириси, кои привлекуваат инсекти. Останатите делови од телото стануваат жртви на растенија, инсекти и животни што може да потрае една година или повеќе, во зависност од тоа како вашето тело е погребано.
Што се случува со умот после смртта?
Во темата се направени многу истражувања, а неодамнешна студија посочува дека мислите продолжуваат да течат до три минути, откако срцето запира.
Човек во клиничка смрт, кој подоцна е оживеан, тврди дека по смртта нема “ништо”. “Тоа беше само црна празнина. Без мисли, без свест, ништо”, вели тој.Има ли живот по смртта? Што веруваат христијаните, муслиманите и претставниците на другите религии? Без никакви научни докази за другиот живот, многу религии нудат свое објаснување за тоа што се случува со телото и душата после смртта. Христијаните веруваат дека откако човекот ќе умре, духот оди во рајот или пеколот, во зависност од неговото земно однесување.
Исламската вера учи дека Алах ќе ги воскресне мртвите “последниот ден” – датум, позната само нему. На овој ден, тој ќе им суди на сите луѓе и ќе ги испрати во рајот или пеколот. Муслиманите веруваат дека дотогаш мртвите остануваат во своите гробови, каде им се испраќани визии за нивната судбина.Според будистите духовите се реинкарнација во нови тела, додека не постигнат просветлување. И кога ќе го направат, ќе стигнат до нирвана.
За разлика од повеќето религии, поимот за задгробниот живот не е од огромно значење за јудаизмот, а наместо тоа оваа вера се фокусира на активностите од животот.Во Тората се зборува за задгробниот живот, наречен Шеол – место кое се наоѓа во центарот на Земјата, каде што сите луѓе одат без суд.