Уредениот двор продуцира и привлекува добри енергии!
Зелената боја, растенијата го смируваат нашиот нервен систем, ни помагаат да се намали високиот крвен притисок, едноставно помагат да се чувствуваме подобро.
Истовремено убаво уредениот двор на една компанија, неговата складна синтеза со архитектурата на објектот и просторот првенствено рефлектира моќна слика, која што на прв поглед го привлекува вниманието. Пејзажно убаво уредените партери се помнат, остануваат во меморијата на луѓето и секојпат подолго го задржуваат нивното внимание. Дополнително природниот амбиент предизвикува пријатни чувства кај посетителите кои директно ги поистоветуваат со имиџот на компанијата.
Дополнително ако компанијата има поставено и кровни градини, каде вработените можат да земат здив, да се одморат и да ги наполнат батериите, тогаш бенефитите се огромни за сите. Задоволството на вработените предизвикува нивна поголема продуктивност, копанијата остварува подобри резултати, а целата околина добива на одржливост и почиста животна средина.
Зеленилото го намалува заморот и главоболката, позитивно делува на работата, на расположението и нашата благосостојба.
Средениот двор продуцира и привлекува добри енергии! А неговото уредување е многу мала инвестиција во споредба со бенефитите кои ги овозможува на долг рок. Малите зелени оази, или мини градини, каде вработените имаат допир со природата, каде хармонично уреденото зеленило делува на нивното опуштање, влијаат и на подобрување на концентрацијата и поголемо задоволство, а истото се однесува и за клиентите.
Затоа, доколку постои и најмала можност недвоумете се да го озелените партерот. Тоа ќе Ви биде најпаметната споредна инвестиција. За која доколку се грижите, и ја одржувате во идниот период, многукратно ќе ја ефектуирате нејзината вредност.
Фоја предлог: доколку располагате со скратен буџет да не го потрошите на неколку скапи (убави на око) или несоодветни растенија расфрлани по целата површина без концепт. Туку набавете пејзажен проект или барем консултирајте се со Пејзажен дизајнер за оптималното решение кое ќе соодветствува на: вашите можности за идно одржување; архитектурата на објектот и партерот и микро климата на локацијата.
Приоритети за успешна градина се, да обезбедите вода, евентуално систем за полевање и служба за одржување. Тогаш и со помали растенија складно да ја уредите површината, за 1 – 2 години просторот ќе го добие посакуваниот амбиент, или пак дел по дел решавајте ја хортикултурата.
Инвестицијата во инстант градина е предизвик и престиж доколку е изведена по протокол со сите елементи. Во спротивно епилогот на големите растенија без навремено полевање и одржување ќе има ефект на огномет ?! (убаво беше, кратко траеше )
За една компанија, убаво уредениот двор е најдобра промоција пред клиентите и посетителите. Тоа покажува карактер, грижа за изгледот на потесната околина, изразена еколошката димензија на доброто корпоративно управување….
Секоја компанија која сака да обезбеди раст на својот бизнис, треба да инвестира во уредување на своето дворно место, влезови, тераси и канцеларии. Во Градинарски центар Фоја, кој се наоѓа на Бул. Борис Трајковски бр. 152 А (поранешна Првомајска), заинтересираните можат да се обратат за консултации и совет, а воедно може да одберат нешто од широкиот асортиман на декоративни садници. Фоја проектира и изведува пејзажни проекти, за приватни, деловни и јавни површини. Повремено и тековно одржува зелени површини. Телефон: 2 772 046, преку маил адресата fojako@yahoo.com или преку фејсбук страната https://www.facebook.com/GradinarskiCentarFoja.