Џафери на 2-ри Август ќе се обрати на Мечкин Камен
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска реферираше за работата на Парламентот од 27 април досега, оценувајќи дека условите се драстично попозитивни денес. Џафери потврди дека на 2 август, Илинден, ќе се обрати во Крушево на Мечкин Камен. Локалните избори ќе ги распише на 6 август, а тие треба да се одржат на 15 октомври. Поради активностите во Парламентот односно седницата за ребалансот на Буџетот и за смената на јавниот обвинител Зврлевски, пратемиците ќе бидат на одмор од 8 до 25 август. Претседателот на Парламентот на прес-конференцијата зборуваше најнапред на албански јазик, а потоа на македонски јазик. Одговарајќи на новинарско прашање рече дека за него не е провокација тоа што го искористил правото да зборува прво на албански јазик. Не кажа на кој јазик ќе се обрати на Мечкин Камен на 2 август.