Уникатни рачно изработени филиграни кои ја разгалуваат вашата душа!

Дијана Тодоровски продолжува да воодушевува на Фејсбук со прекрасните филигрански форми на накит. Нејзините изработки предизвикуваат восхит на Фејсбук што резултира со огромен број лајкови и пофални коментари за нејзината работа од страна на посетителите на фејсбук страната Добро Ми Стои.

Дијана повеќе години се занимава со изработка на филигрански накит од чисто сребро 990 (чистина на сребро). Во своите мали ремек-дела вклучува и полускапоцени камења за да добие дополнителна убавина. Инспирацијата ја црпи од Италијанските модни трендови, но исто така и од богатото културно творештво на Балканските народи, а посебно од богатата македонска култура.

Секое парче е уникатно, неповторливо, резултата на моментална инспирација. За поедноставна форма се потребни неколку саати за поедноставни, а за покомплексни форми и до неколку денови .

Доколку се уште не сте ја запознале Фејсбук страната Добро Ми Стои  може да ја посетите на следниов линк: https://www.facebook.com/pages/Dobro-Mi-Stoi/538499129539525?ref=hl

Translate »