50.000 дивоградби чекаат собраниска одлука!

Во ризик се доведени 50.000  дивоградби, откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша законското решение и го врати во Собранието. 

Премиерот Зоран Заев вчера рече дека освен забелешките на Пендаровски, во повторната дискусија за Законот внимателно ќе бидат ислушани и реакциите од јавноста.  Парламентот треба да се изјасни што понатаму со Законот за легализација на дивоградби.

„Повторно ќе дискутираме во Парламентот, зашто ако со Законот застанеме тука, службите треба веднаш да тргнат и да ги рушат преку 50-те илјади домови на граѓаните“, дециден е Заев.

Со Законот,  нема да се легализира секој бесправно изграден објект. Законот за легализација дава можност за остварување право на сочувување на домот на граѓаните кои се под прагот на сиромаштијата.

Пендаровски е со став дека текстот на Законот нема општествена оправданост, односно не е во насока на заштита и промоција на јавниот интерес. Претходно, петмина пратеници од помалите политички партии, кои му припаѓаат на владејачкото мнозинство, ја алармираа јавноста и му пишаа ургентно писмо на Пендаровски, да не го потпишува Законот за легализација на дивоградбите. 

Translate »