Три недели била сама на море, без храна и вода! Тинејџерка преживеала тонење на брод
Од 59 патници само тројца преживеале во несреќата, а меѓу нив била и Ајша.
17-годишната Ајша од Брегот на Слоновата Коска преживеала на море три недели без храна и вода, откако во Атлантикот потонал брод кој пренесува мигранти.
Од 59 патници само тројца преживеале во несреќата, а меѓу нив била и Ајша, пишува “BBC”.
Станува збор за најголемата позната трагедија со бродови кои пренесуваат мигранти на Канарските острови.
Ајша својот роден град го напуштила во ноември и заминала во Мавританија, каде успеала да обезбеди место на бродот.
Само нејзината постара сестра знаела за нејзиниот план да тргне на опасното патување.
Ја спасил екипажот на шпанското воздухопловство.