Медениот месец заврши кобно за брачниот пар Удал

Медениот месец заврши кобно за брачниот пар Ели и Џон Удал од Велика Британија. Тие беа во Америка, кога над Големиот кањон се урнал туристичкиот хеликоптер со кој тргнале во обиколка на околината.

Се венчале во ноември минатата година, а на почетокот на февруари отишле на патување со пријателите.

Во моментот на падот, во хеликоптерот, покрај брачниот пар Удал, се наоѓале и четворица нивни пријатели. Тројца од нив настрадале веднаш по падот на хеликоптерот, а останатите, вклучувајќи го и пилотот, се префрлени во болница во Лас Вегас.

Најпрво Џон им подлегнал на повредите, а неколку дена по него, и Ели ја изгубила битката. Несреќата ја преживеале пилотот и една пријателка на парот.

Хеликоптерот се урнал на племенско земјиште во делот на Големиот кањон, надвор од националниот парк, каде авионските тури е се најдобро регулирани.

Причината за несреќата ја истражува Националниот одбор за безбедност во сообраќајот.

Во прелиминарниот извештај се наведува дела сведоците виделе како хеликоптерот направил најмалку две свртувања од 360 степени пред да удри во земјата.

Инспекторите ќе имаат разговори со преживеаните, сведоците, произведувачот на хеликоптерот и други, пред да го поднесат комплетниот извештај.


Translate »