Матиќ го покани Ибрахимовиќ на македонски ајвар

Интересна комуникација имаа Златан Ибрахимовиќ и Немања Матиќ на социјалната мрежа „Инстаграм“ под една објава на искусниот напаѓач.

Ибра објави снимка од соблекувалната на Галакси на која се слуша песна од Халид Бешлиќ, а во коментарите шведскиот голгетер со босански корени го спомна и Матиќ.

Ибрахимовиќ во свој стил му напиша на Матиќ дека е оригинал селанец, на што фудбалерот на Манчестер Јунајтед го покани на македонски ајвар.

– Ајде дојди, стигна ајвар направен во Македонија- му врати Матиќ на напаѓачот на Лос Анџелес Галакси.

Translate »