Ново: EUCERIN DermatoCLEAN [HYALURON] производи
Нежно го чистат лицето, ја хидрираат кожата и обезбедуваат висок капацитет на хијалуронска киселина
Тешко дека може да се најде друг начин што ни дава чувство на свежина и опуштеност, како што е длабокото вдишување на чист воздух. Колку подлабоко вдишуваме, толку повеќе кислород внесуваме во нашите клетки и изгледаме посвежо и порелаксирано.
Но, постои и втор, речиси незабележлив начин на внесување на кислород, а тоа е преку нашата кожа. Студиите покажуваат дека атмосферскиот кислород е значаен снабдувач со кислород за површинските клетки на кожата, додека транспортот на кислород преку крвта има само мало значење. Токму затоа е исклучително важно да се користи медицинска козметика која овозможува ефикасно чистење, а истовремено и ефикасна хидратација на кожата.
Новите производи Eucerin DermatoCLEAN [HYALURON] не само што нежно го чистат лицето, ја смируваат и ја хидрираат кожата, туку обезбедуваат и хијалуронска киселина, активна состојка за нега на кожа со висок капацитет за врзување на водата. Фактички молекулите на хијалуронска киселина имаат голема моќ за привлекување и задржување на вода, што ја прави одлична хидратантна состојка. Поголемите молекули остануваат во површинскиот слој, а колку се помали молекулите толку подлабоко можат да навлезат во кожата и да ја хидрираат.
Eucerin DermatoCLEAN [HYALURON] производите може да се користат наутро за отстранување на остатоците и вишоците на кожата како себумот и потта создадени во текот на ноќта, додека навечер за ефикасно отстранување на нечистотиите и водоотпорната шминка од лицето и очите без триење. Формулата со хијалуронска киселина и други хидрирачки состојки не ја суши кожата.
Чистењето на лицето е важен дел од рутинската дневна нега, подеднакво важно како и користењето на кремите.
Чистењето на кожата со производите од линијата Eucerin DermatoCLEAN [HYALURON] ги поттикнува регенеративните процеси, обезбедува оптимална хидратација, и ја подготвува кожата за употреба на Еуцерин кремите. Eucerin DermatoCLEAN производите имаат висока дерматолошка вредност, клинички се тестирани, не содржат алкохол и други вештачки додатоци и се погодни за сите типови на кожа. Колекцијата се состои од Eucerin DermatoCLEAN 3 во1 Мицеларна вода и мицеларна пена наменети за секој тип на кожа, гел за миење лице за нормална до комбинирана кожа и млеко за чистење лице за сува кожа.