Практикувајте ментална гимнастика, за негување на нервниот систем!

Кога целиот свет е фокусиран на една состојба, најдобриот лек секогаш е дефокусот од истата. Затоа е важно колку што може повеќе да вежбате ментална гимнастика со вашиот мозок и на тој начин да го заштитите вашиот нервен систем. Постојат голем број на начини како да предизвикате дефокус и со тоа да го опуштите вашиот мозок. Важно е да избегнувате екрани, затоа што самата изложеност на непотребно зрачење може да предизвика вознемирување. Затоа одлично решение е хартијата или друштвени игри  кои ќе ви овозможат да вежбате ментална гимнастика и со тоа да го храните вашиот мозок со серотонин, во моментите  кога ќе успеете да го постигнете решението. Без разлика дали ќе се одлучите за судоку, крстозбори или друг вид на енигматика, секојдневното задавање на задачи на вашиот мозок ќе го заштити вашиот нервен систем од секакви нус појави.

Треба да бидете свесни дека напнатоста и стресот кој го предизвикува моменталната состојба се главниот причинител за вознемирување на периферниот нервен систем, како што се болки во половината, трнење на екстремитетите или мускулни болки. Затоа посветете се на вашето здравје и постојано трудете се да правите се што е потребно за да ги спречите ваквите нус појави и да се грижите за вашиот нервен систем.  Дополнително од особена важност е да внесуваме што повеќе хранливи состојки, преку храна или преку суплементи од групата на Б витамини, со цел стресот да не ни прерасне во мускулна болка. 

Translate »