Топ три скопски ресторани, секој посебен на свој начин!

Во Скопје има многу ресторани. Сите нудат нешто специфично за различни вкусови и потреби. Не е тајна дека луѓето од овие предели сакаат да се дружат и социјализираат и одењето во ресторан за нив е настан кој многу им значи, а храната е едно од најголемите задоволства. Секој поединец изборот го прави според своите очекувања, гурмански потреби, вкус и лична естетика, по што се нѐ друго. Скопските ресторани се еден од нашите најсилни туристички адути, нешто со што можеме да се пофалиме, да бидеме препознаени во светот.

Конзумирањето вкусна и убаво подготвена храна е нешто што ги буди сите сетила, ни буди емоции кои сакаме да ги споделиме. Истовремено не е сеедно во каков амбиент јадеме, каква е севкупната атмосфера и чувството кое ни се создава.

Па така, според нашето искуство, препораките и коментарите од луѓето, како и според оцените кои ги видовме на реномираниот trip adviser се одлучивме да издвоиме три скопски ресторани кои на некој начин се издвојуваат од останатите. Секој нуди нешто уникатно, и дефинитивно треба да бидат дел од вашата гурманска агенда во 2024 година.

Ботаника Урбана кафана!

Ако сакате да јадете нешто што досега не сте го пробале, и на кое долго време ќе се сеќавате тогаш Ботаника Урбана кафана е местото за Вас. Овде ќе се почувствувате навистина кралски. Од начинот на кој храната се сервира, од љубезноста на персоналот, од топлата атмосфера, од перфекционизмот со кој се подготвува храната….овде се е некако ненаметливо, дискретно, а совршено! Во храната која се подготвува се чувствува нескротливиот и авантуристички дух на главниот готвач Софка Камиловска, нејзината храброст на експериментира, но и софистицираниот вкус да препознае нешто навистина добро.

Овој градски ресторан обединува убава енергија и гостопримство со селекција на вкусни и оригинални јадења кои со сигурност ќе ги задоволат вашите апетити. За момент ќе се почувствувате како да сте во Лондон, Њујорк….

Ресторани Сидро

Ако сте љубител на морска храна, тогаш локацијата за вас е ресторани Сидро. Сидро стои како доказ за мајсторството со морската храна, поканувајќи ги гостите да ги пробаат најдобрите ракови, пржени каламари, ракчиња во кадаиф, лосос и рижото од морска……храна што не е ништо помалку од поезија. Секое јадење ја доловува суштината на морето, создавајќи мелодија на автентични вкусови кои долго се чувствуваат. Мотото на ресторанот е: „Сидро – вкусот на морето во Скопје“ и со право!

Ова е место каде што кулинарската работа е целосно обземена со природните богатства на морето во танц навкусови што им пркосат на многу очекувања. Времето поминато во Сидро не е само обичен ручек или вечера туку сетилно патување што гради спомен и живее долго по последниот залак.

Sky Bar Панорамика

Ресторан со најубавата панорамска глетка на Скопје. Скриено од урбаниот метеж и градската бучава, ова е место каде ќе ја пронајдете дефиницијата за удобност и квалитет. Модерен ресторан идеален за склучување бизнис договори, за оставање впечаток пред партнерите и соработниците, за започнување љубовни приказни, за создавање пријателства. Барот има сопствена кујна со внимателно одбрано мени, кое ќе го задоволи сечиј вкус, па дури и на оние кои сакаат нешто луксузно Wagu Ribay стек.

Може да се одбере од уникатните пијалоци, како на пример коњак Луј 13-ти. Откријте ја магијата на храната приготвена со љубов и знаење, од страна на мајсторските раце на готвачите од кујната на Sky Bar Панорамика.

Не чекајте! Животот е краток за да не уживаме во него.

Translate »