КОРОНАТА ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ ШИРИ ВО ОВИЕ ТРИ СКОПСКИ НАСЕЛБИ
Од вчера регистрираните 175 случаи, 131 се во Скопје, од кои 14 се од Чаир.
Оваа скопска општина и натаму останува со најголем број заразени. Заклучно со завчерашната бројка, вкупно заразени во Чаир се 209, по што следат Бутел со 76, Аеродром и Гази Баба со по 75, Центар со 73, Карпош со 72, Сарај 64, Кисела Вода 43, Ѓорче Петров 35, Шуто Оризари 26 и Студеничани и Арачиново со по 24 заразени.
Илинден има вкупно 19 заразени со КОВИД-19, Петровец шест, Чучер Сандево четири, Сопиште два, а двајца од заразените се странци.
Со вчерашните 175 заразени, вкупната бројка на заразени се искачи на 3.538, од кои активни се 1.687, а оздравени 1.682. Од почетокот на епидемијата починаа 169 лица, од кои вчера пет. Тројца од Скопје, на возраст од 59, 60 и 64 години, еден пациент од Гостивар (72) и еден од Прилеп (72).