ПОЛИЦИЈАТА МОРАШЕ ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ, ТРАМП СЕ ЗАКАНИ: ТЕРОРИСТИ ГО ПРЕЗЕДОА ГРАДОТ (ФОТО)

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе ја врати населбата Сиетл, која ја држат демонстрантите, под контрола на органите на редот, извести Би-би-си.

Имено, по неколкудневните насилни протести, полицијата во понеделникот беше повлечена од една населба во Сиетл.

Трамп: Градот го презедоа домашни терористи

Иако челниците на градот Сиетл побараа од него да не се меша, Трамп ја оцени ситуацијата како „преземање на градот од домашни терористи“.

Сепак, откако се повлече полицијата, демонстрантите беа претежно мирни, нема насилство а тој дел од градот е наречен „автономна зона“.

Трамп најпрво побара од гувернерот на државата Вашингтон да преземе одлучна полициска акција против демонстрантите, но во меѓувреме вети дека ќе ја реформира полицијата, полициските процедури и правилата на службата.

Translate »