Прогласени победниците на детскиот ликовен конкурс на Ладна

Ладна го затвори овогодинешното издание на детскиот ликовен конкурс со објавување на имињата на победничките цртежи. Стручната жири комисија ги одбра најинтересните и најкреативните цртежи на тема „Мојата омилена игра надвор“, а Ладна и оваа година обезбеди вредни награди за малите уметници.

Како и секоја година, натпреварувањето беше поделено во две категории: деца на возраст од 4 до 7 години и деца на возраст од 7 до 10 години. Бројот и разновидноста на пристигнатите цртежи беа само потврда дека детската фантазија навистина нема граници.

Како победнички цртежи од двете категории беа одбрани цртежите на:

•             Категорија од 4 – 7 години

1.            Јана Смилевска, 6 години, Скопје (прво место)

2.            Александра Шуканова, 6 години, Охрид (второ место)

3.            Јоан Дојчиноски, 5 години, Струга (трето место)

•             Категорија од 7 – 10 години

1.            Лина Талеска, 9 години, Скопје (прво место)

2.            Александар Тодоровски, 8 години, Крива Паланка (второ место)

3.            Јана Кираковска, 9 години, Скопје (трето место).

Поради непредвидените околности, наградите во двете категории ќе бидат адаптирани и доделени во поинаква форма:

Прво место – Паричен надомест во еквивалентен износ на предвиденото тридневно патување во Дизниленд, Париз на детето со родителите/старателите

Второ место – Паричен надомест во еквивалентен износ за предвидениот годишен курс за цртање

Трето место – Таблет за цртање

Ладна им се заблагодарува на сите деца кои ги испратија своите цртежи за ликовниот конкурс и ги охрабрува и во иднина да продолжат да ја негуваат својата фантазија. Пријавените и наградените цртежи можете да ги погледнете на следниот линк: http://ladna.com.mk/sites/static/mali-umetnici/.

Translate »