Го погребал татка си во БМВ вредно 70 000 евра

Наместо во ковчег, синот го погребал таткото во ново БМВ. “Решив да му одадам последна  почит на  мојот родител, кој отсекогаш сакал убава и луксузна кола, рекол богатиот син на погребот во селото во кое живеел татко му.

Автомобилот внатре имал и најмодерен GPS систем за навигација за да може починатиот полесно да ги најде  златните порти на рајот, велат селаните кои присуствувале на церемонијата.  Овој необичен настан се случил во Нигерија. Младиот богаташ веднаш бил остро искритикуван на социјалните мрежи:”Си требал на татко ти да му ја купиш колата додека се уште бил жив! “, ” Иако парите се твои, срамно е што си ги фрлил само за да се покажеш како голем и добар син пред своите бивши соседи”!

 

Ова се само дел  од многуте коментари на ФБ и твитер наменети за новопечениот богаташ.

 

 

 

Translate »