Комплетна доминација на една нација – речиси 30.000 компании од ЕУ се во нивна сопственост
Кинеските инвеститори во 2007 година имале мнозинска сопственост во околу 5.000 компании во Европската унија, а за 10 години таа бројка стигна до 28.000.
Само во 2017 година тие во Европската унија извршиле 114 аквизиции или спојувања, а сконцентрирани биле во неколку сектори – ИТ и автомобилската како и аеронаутичката индустрија, пренесува порталот Сибиз. И инвеститорите од Индија во ист период значително го зголемиле бројот на компании кои ги контролираат и тоа со 2.000 на 12.000, а руските со 1.600 на 12.000.
Во извештајот кој го објави Европската комисија, пишува дека странските сопственици контролираат околу 3% од компаниите во ЕУ и 35% од имотот, а вработуваат 16 милиони работници. На традиционалните инвеститори од развиените економии како што се САД, Канада, Швајцарија, Австралија и Јапонија отпаѓаат повеќе од 80% од имотите во странска сопственост.