Се проверува причината за несреќата. Земени примероци од крв и урина од возачот за анализа!
Возачот на автобусот кој синоќа се преврте на автопатот Скопје Тетово преживеа и му се земени примероци од крв и урина за анализа.
-Според првичните информации од лице место, несреќата се случи попладне во близина на селото Ласкарци, кога автобус на компанијата „Дурмо турс“ со гостиварски таблици преминал преку спротивната лента на автопатот, а потоа излетал преку локален пат и се превртен на кров“ – соопшти ОЈО.
Техничкиот преглед на остатоците на автобусот ќе покажат дали причина за несреќата бил некој дефект или пак неисправност.
Уште во текот на вчерашниот ден надлежните разговарале со возачот, но детали нема.
Местото на несреќата денеска е обезбедено, а денеска веројатно автобусот ќе биде однесен на вештачење при што и ќе се утврдат вистнските причини кои во смрт однесоа 14 животи.
Последните информации покажуваат дека во критична состојба се уште две лица додека тројца кои се наоѓаат на Ургентниот центар се во стабилна состојба.