Јанева: Повеќе од јасно е дека Мијалков го вршел прислушувањето
Нема уништени докази- се имаме скенирано.
Специјалната обвинителка Катица Јанева смета дека м ожно е во иднина да се случат првите спогодби за покрупни предмети, но и даде свој став за предметите „Титаник“ и „Таргет-Тврдина“.
Какви се искуствата, која е улогата на адвокатите и какви се искуствата?
„Да посредуваат помеѓу осомничени. Мислам дека соработката е добра оптеретени се, бидејќи мал круг адвокати се занимаваат со нашите предмети. Се надевам дека во идните случаи ќе ги имаме првите спогодби за некои покрупни предмети. Доколку се во истрага сите предмети може да се најде начин, но ако е во судење е завршена работа, судот одлучува“, рече Јанева, која додаде дека се зависи од тоа како адвокатите ги советуваат своите штитеници.
Специјалната обвинителка на прашање на Ордановски за тоа дали има некаков контакт со бегалецот Груевски, таа потврди дека нема никаков контакт.
Ми се чини дека сепак постојат два темелни случаи кои се најважни во Македонија, тоа се „Титаник“ и „Таргет Тврдина“. До каде сте со предметите?
„Двата се во судење, во двата се изведуваат докази. Во Титаник ќе почне и непосредното сослушување на сведоците кои ни се предложени. Тоа е обемен предмет. Побавно се суди. Малку сум разочарана за тоа. Не се закажани толку често судењата ииако се интензивираат во овој период.
За Таргет-Тврдина сакам да кажам во оваа прилика дека така ја разделивме работата во СЈО, дека во еден дел ќе се занимаваме со јавно објавените бомби за изборните регуларности, но и за финасиските истраги за да преминеме од институција со органичен мандат во институција која ќе биде инкорпориана во главниот систем. Повеќе од јасно е дека Мијалков го вршел прислушувањето. Мислам дека утре се продолжува со доказната постапка, на распит ќе биде Ѕвонко Костовки кој ќе објасни како се одземени разговорите кои сега се во наша сопственост кои тој ги одзел од УБК“, рече Јанева
Во однос на уништени доказаи таа вели ништо не е уништено
„Имаше една пукната цевка за парно во СЈО. Се случуваат такви незгоди. Во однос на дотраеноста на зградата во која сме сместени, а која ја реновиравме се случуваат такви работи. Обезбедувањето на време реагираше, имаме и сензори за таа работа. Докази се натопија, но докази важни нема уништено. Докази има за предметите и штета исто така,но таа е материјална, не во докази“.
„Во овој случај е важно да се каже дека се што влегува во СЈО веднаш се скенира. Тоа е пракса на работа во судот подолго време. Таа пракса ја преземавме и ние. Доколку има многу материјал, се формира екипа која има приритена задача за скенирање, па нема опасност од тоа некој доказ да нема. Процедурите ќе траат околу санирањето“, рече Јанева