5 навики за здраво слабеење
Веќе добро познат факт е дека екстремните диети и рестрикции на храна не се гаранција, а не се ни препорачливи за здраво губење на килограмите. Здраво слабење се постигнува исклучиво со здрава и пред сè правилна исхрана, без прескокнување оброци, редовна физичка активност и квалитетен сон.
Појадокот е најважен
Кифлите, бурекот и нездравите лиснати теста заменете ги со вкусни и здрави мусли, овесни снегулки или овесна каша. Во 100 г овес има 12 г протеини, па така, овесот е одличен начин да се започне денот, бидејќи многу е корисно протеините да се внесуваат за време на појадокот.
Предлог: Мусли Виталиа , Овесни каши Виталиа
Белиот шеќер заменете го со нискокалорични засладувачи
Белиот шеќер е толку преработуван што навистина не помага во било која функција на здравјето и секогаш треба да се избегнува. За среќа, постојат одлични и супер-вкусни алтернативи како што е природниот засладувач стевиа. Освен слаткиот вкус, стевиата е богата со витамини и минерали и се препорачува за одржување витка фигура.
Предлог: Виталиа Стевиа
Подгответе си здраво смути
Лененото семе е богат извор на растворливи растителни влакна, па затоа задолжително додајте го свежо мелено во вашето смути. Воедно, тоа е одличен сојузник при слабеење, бидејќи содржи лигнани. Додајте и малку чиа семе, бидејќи една лажица чиа семе содржи околу 70 калории, и скоро сите јаглехидрати што ги содржи се влакна. Бадемите исто така содржат многу растителни влакна, па можете да додадете неколку за квалитетно смути.
Предлог: Виталиа смути во Vitalia healthy stores
Јадете киноа со зеленчук за ручек
Киноата е одличен растителен извор на комплетен протеин. Исто така е богата со растителни влакна кои помагаат во согорување на мастите, како и сложени јаглехидрати. Подгответе си протеинска салата од киноа и зеленчуци зачинета со био зачин, без адитиви и конзерванси. Добивате високонутритивен, но истовремено нискокалоричен оброк.
Предлог: Киноа Виталиа , Вита Зачин Виталиа
Здрава ужина
Оризовите галети се идеална ужина за наутро, бидејќи не се расипуваат и имаат малку калории. Не содржат масти, а содржат хранливи материи кои даваат чувство на ситост. Друг вид на здрава ужинка е и миксот од сушено овошје и јаткасти плодови, бидејќи и ним не им е потребен фрижидер а воедно се многу вкусни и здрави. Како идеален здрав десерт претставуваат и овесните колачиња, кои нудат хранливи материи кои бавно ја ослободуваат енергијата.
Предлог: Виталиа оризови галети, Виталиа Егзотик микс, Виталиа Супер колачи со чоколадо и јаткасти плодови без додаден шеќер
Доколку сакате побрзо да се ослободите од вишокот килограми, важно е да јадете умерени и избалансирани оброци и да вежбате повеќе. Пронајдете ја активноста во која најмногу уживате, јадете помали оброци коишто ќе се состојат од погореопишаните видови на храна, одмарајте, пијте доволно вода, бидете трпеливи и упорни и резултатите ќе бидат видливи.