Пијалаците кои ги пиеме секој ден го зголемуваат ризикот од срцеви и мозочни удари и деменција
Пијалакот како што е диеталната кока кола може да изгледа здрав, но експертите прикажале што можат да направат само две лименки од овој пијалок со вашето тело.
За вистинските љубители на пијалаци, диеталните сокови може да претставуваат подобра алтернатива од оние кои се полни со шеќери. Иако имаат помалку калории, пиењето на засладени напитоци може да доведе до други последици.
Експертите предупредиле дека диеталните пијалаци, како што е диеталната кока кола, можат да го зголемат ризикот од срцев и мозочен удар па дури и деменција.
Испивање на две или повеќе лименки дневно може да го зголеми ризикот од мозочен удар за една четвртина како и срцеви болести за една третина. Покрај ова и ризикот од превентивна смрт е 16 отсто поголем отколку кај оние луѓе кои никогаш не пијат вакви пијалоци.
Една студија во САД ја пронашла врската помеѓу вештачки засладените пијалаци и деменцијата. Оние кои консумираат вакви напитоци достигнуваат .деветпати поголема шанса да развијат Алцхајмер.
Експертите веруваат и дека консумацијата на овие пијалаци може да доведе до штета во крвните садови и до хронично воспаление.
Вештачките засладувачи го зголемуваат и апетитот па поради нив ќе имате желба да јадете повеќе што може да доведе до здебелување или дијабетес. Научниците во болницата во Масачутес веруваат дека засладувачите го зголемуваат ризикот за добивање вишок килограми. Ова се случува затоа што шеќерната замена, фенилаланин, предизвикува работата на метаболизмот и ја зголемува шансата од здебелување.
Меѓутоа, некои британски нутриционисти сметаат дека вештачките засладувачи со низок број калории им помагаат на луѓето да не се здебелуваат, а покрај тоа додаваат и дека се подобри за забите за разлика од шќерот.