Кинеските научници тврдат дека нивната вакцина спречува смрт од коронавирусот
kинеската компанија „Синовак“ тврди дека податоците од подоцнежната фаза на клиничките испитувања покажале дека нивната вакцина „КоронаВак“ е 100% ефикасна во спречување на хоспитализација и смрт на пациентите со ковид-19.
КоронаВак е една од трите вакцини развиени во Кина. Иако тестовите покажале дека е ефикасно во спречување на смртноста, не се покажало дека е толку ефикасно во борбата против инфекциите, пишува ДВ.
Според клиничките испитувања спроведени во Бразил, КоронаВак успешно спречува појава на хоспитализации и смртни случаи од ковид-19 кај оние кои ја примиле вакцината.
Исто така, била ефикасно 83,7% во спречување на случаи кои бараат третман со лекови. Од друга страна, успеала да запре само 50,65% од сите инфекции.
Тестовите спроведени во Турција покажале дека CoronaVac е 91,25% ефикасна во блокирање на инфекциите. Сè уште не е познато зошто податоците за ефективноста на превенцијата од инфекции се разликуваат.
За споредба, пријавено е дека BioNTech-Pfizer е 95% ефикасна во спречување на инфекција со коронавирус, рускиот Спутник V околу 92% и вакцината Џонсон и Џонсон 66%.