Политика: Турција пред излегување од НАТО
Можeби во Вашингтон не се во состојба да видат кој им е искрен пријател, како што вели шефот на турската дипломатија, но под налетот на моќната политичка пропаганда милиони Турци немаат дилема кој им е непријател – Америка.
Огорчени поради санкциите од својот силен НАТО сојузник, како и падот на турската лира на досега најниско ниво во однос на доларот, Турците се се соочија со криза која би можела да се мери со онаа во Венецуела. Демонстративно ги кршат своите „aјфони”, ги кинат доларските банкноти, истураат „кока-кола по тоалетите, а во еден кварт на Анкара престанаа да издаваат лиценци на америчките синџири „Мекдоналдс”, „Старбакс” и „Бургер кинг”. Имаше и пукања врз американската амбасада во турскиот главен град.
Турскиот суд во меѓувреме одби да го пушти од домашен притвор американскиот пастор . Доналд Трамп , пред двојно да го зголеми увозот на турскиот челик и алуминиум, бараше да биде ослободен свештеникот , а на црната листа стави и двајца турски министри. Кризата, речиси преку ноќ , ги затру нестабилните односи на двајцата НАТО партнери и сериозно го оптовари балансот на геостратешките сили во светот.
Иако пред неколку месеци го славеше пријателството со Трамп, претседателот Реџеп Тајип Ердоган порача дека Турција може да си најде и други пријатели.
„Турција е премногу голема и премногу влијателна за да биде препуштена на милост на една сила”, изјави претседателот.
Во екот на кризата, тој во Москва го прати министерот за одбрана и шефот на Националната разузнавачка агенција. Набргу потоа беше потврдено дека Русија во 2019 година ќе почне на Турција да и ги испорачува првите батерии на ракетниот одбрамбен систем С-400 – нешто што Американците цело време се обидуваа да го блокираат.
Недовербата во моментов е на највисокот ниво. Се поставува прашањето дали според најекстремното сценарио, Турција може да го напушти НАТО?
„Би можеле сега да им кажеме збогум на сите кои стратешкото партнерство го жртвуваат поради односите со терористичка организација”, изјави Ердоган , алудирајќи на американското одбивање да го испораачаат проповедникот Фетулах Гулен, кој Анкара го смета за „терорист” и директен инспиратор и организатор на неуспешниот воен пуч во 2016.
Дали дојде време Турција да се исфрли од НАТО, како што шпекулираат американските медиуми? Незадоволството со владеењето на „исламскиот автократ” Ердоган не е ништо ново, но можноста оваа клучна земја на источниот Медитеран , а воедно и втора по големина армија внатре во НАТО да тргне кон руската орбита , е нешто што сериозно ги загрижува воените стратези за кои Ердоган е долгогодишна енигма.
А заканите од двете страни се редат во низ. Трамп не покажува дека е подготвен да отстапи . Спротивно од тоа, тој вели дека во арсеналот на казнени мерки има уште санкции. Од друга страна, Ердоган пред 80 милиона Турци, по секоја цена , сака да покаже цврстина.
Игрите околу НАТО сепак покажуваат дека ситуацијата може да излезе вон контрола и да ја загрози кохезијата на дваесетдеветчлената алијанса. Турција во НАТО влезе во 1952. година, во време на советските закани во регионот и оттогаш има клучна улога во одбрана на источното крило.
Американско -турската колизија трае веќе подолго време, но сегашната криза ја надминува онаа кога Анкара, за време на инвазијата на Ирак , одби на американските авиони да им допушти користење на базата Инџирлик. Или во конфликтот во Сирија, кога Турците ги бомбардираа сиријскиите Курди , кои се обучувани и финасирани од Американците. Тогаш Ердоган се закани дека турските војници ќе отворат оган и врз американските војници.
Турската закана дека ќе најде други пријатели најмногу ја радува Москва, која досега покажа дека успешно соработува со авуторитарните режим и дека таа поддршка добро ја наплатува.
Владимир Путин го спаси Башар ел Асад и на Русија и обезбеди поморска и ваздухопловна база на Медитеранот. Руските сили обучуваат десетици ијлади ирански војници во Сирија, а Техеран не ја крие својата благодарност.
Испораките на руските ракетни системи на Турција ,бизнис вреден 2,5 милијарди долари, го отвораат прашањето зошто Анкара купува современо оружје кое не е компатибилно со стандардите на НАТО ? Дали тоа е порака дека од Ердоган, на кој му е преку глава од критиките кои доаѓаат од Запад за непочитување на човековите права, особено по неуспешниот државен удар во Турција?
Трамп не личи на некој кој дозволува некој да го уценува. Тој веднаш ја забрани испораката на стотина ловци од новата генерација Ф-35 за Турција. Вашингтон веќе не е сигурен дали смее да му ги испорача најсовремените авиони на Ердоган бидејќи се сомнева дека новата технологија би можела да стигне во рацете на Русите.
Американските притисоци и санкции отвораат врата и за руско влијание во Турција и Иран, но Трамп ги игнорира предупредувањата од западните сојузници и со тоа во прашање ги става основните принципи на колективната одбрана на членките на НАТО.
Ердоган ги обвинува Американцоте за „завера” и „економска војна”, но вистинските причини за монетарните проблеми на Турција се интерни, тврдат експертите, а американските царински санкции само придонесуваат кон забрзување на кризата.
Странските инвестициони кредити достигнаа 265 милијарди долари и овозоможија забрзан раст последните години.
Но, земјата должи 460 милијарди долари, што е повеќе од половина од бруто националниот производ.Поради ова Турција стана земја во која потенцијално е опасно да се инвестира.
На колапсот на лирата придонесува и начинот на кој Ердоган управува со економијата. Проблемите започнаа после неусшениот удар, кога на важни функции се поставени лојални луѓе, без професионални знаења.
Доколку лирата не се стабилизира – постои опасност од колапс на банкарскиот систем. Економистите предвидуваат банкроти на поголемите турски корпорации, што би можело да доведе до масовна невработеност.
Ердоган и натаму ја обвинува Америка. Спроти големиот муслимански празник тој апелираше на патриотските и верски чувства: „Секој напад на нашата економија е директен удар на нашето знаме. Ние сме луге на који подобро да им ја отсечете главата отколку да ги врзете за врат “.
Повеќето Турци застанаа зад својот претседател кој „херојски” му пркоси на Трампу. Прашање е дали знаат која е цената која би можеле да ја платат.