Ужас во Обреновац! Деветгодишно момче е пронајдено обесено!

Деветгодишното момче У.Д. е пронајдено мртво во шупата во семејната куќа на својот дедо во Обреновац, Србија.  Според првичните информации, детето е најдено обесено , а се претпоставува дека се работи за самоубиство.  Српските медиуми пренесуваат дека момчето живеело со бабата и дедото, кои му биле старатели, откако татко му  починал, а мајката се премажила. Детето рекло дека оди да си игра кај другарчето , пред да замине од домот. Телото е дадено на обдукција, а истрагата е во тек.

 

Translate »