СПРЕЧЕН АТЕНТАТ ВРЗ КУРЦ?
Австриската полиција уапси вооружен човек денес пред седиштето на владата и на претседателот на државата во Виена.
Еден 33-годишен австриски државјанин, соопшти полицијата, бил заинтересиран за патот кон парламентот во центарот на Виена.
Бидејќи на минувачите што ги прашал за патот им се чинел сомнителен, тие ја алармирале полицијата.
Кога стигнал до плоштадот во Балхаусплац со автомобил, се паркирал и седнал на тротоарот пред седиштето на канцеларот, кое се наоѓа веднаш покрај улицата од седиштето на австрискиот претседател.
Тука бил совладан од полицијата и давал силен отпор.
Полицијата допрва треба да каже за мотивот за планираното злосторство или напад, освен дека тој бил вооружен со долг нож.
Во моментот на неговото апсење, канцеларот Себастијан Курц не бил во своето седиште, и, како што посочи полицијата, нема да биде можно влегување во зградата.
Исто така, не е дозволено ниту движење до парламентот, кој е оддалечен неколку стотици метри, бидејќи на влезот има посебни безбедносни мерки.
Инаку, австрискиот парламент денес расправа за натамошни законски акти поврзани со кризата со коронавирусот.