Момчето се обесило бидејќи не можело да ја преболи смртта на таткото

Деветгодишниот У.Д. кој се обесил во шупата во куќата на дедо му, не можел да ја преболи смртта на својот татко, кој пред 4 години  загинал во сообраќајна несреќа. Најверојатно од таа причина посегнал по својот живот, сведочат неговите блиски. Тој имал три сестри, од кои едната му била близначка, а живеел кај бабата и дедото, кои се грижеле за него откако татко му загинал,  а мајката се премажила во Босна.  Бил добар ученик, весело и љубопитно дете, раскажува баба му.

Дедото на несреќното дете

” Ништо не покажуваше дека може да се случи ваква трагедија.  Неговите сестри беа во Босна кај мајка му, а утре требаше да се врати сестра му близначка… Мајката требаше да извади и пасош за него за да ја посети…, вели дедото на починатото момче.

Куќата каде живеело момчето

” Како ова се случило, не знам. Кога видовме дека го нема, пријавивме во полиција, мислевме дека некој го киднапирал и тогаш  ни кажаа дека го пронашле обесен во шупата…. Не знаевме, што зборуваат…Неодамна имаше еден случај…некој младич се обесил со ремен во Обреновац, раскажува дедото.

Translate »