Печени мисиркини гради панирани во корнфлејкс
Едноставен и вкусен рецепт за панирани мисиркини стекови. Ако сте љубители на крцкава храна, ќе ви се допадне.
Потребно ви е :
400 гр мисиркини гради
150 гр Корнфлејкс, пченкарен
2 јајца
2 лажици брашно
сол
Мисиркиното месо исечете го на парчиња и наросете со зачин по вкус. Подгответе ги јајцата, брашното и корнфејкс. Разматете ги и посолете јајцата. Месото валкајте го прво во брашно, потоа во јајца и на крај во корнфјкесот кој рачно ќе го иситните.
Се пече во загреана рерна на 200 степени, 20 минути. Послужете со печен компир, ориз или помфрит. Пријатно!