Сауна и Џакузи: за релаксација, намалување на напнатоста и квалитетно време со најблиските!
Сакате да се релаксирате, да се опуштите и да уживате? За тоа не ви треба далечно патување или хотелско сместување. Разгалете ја душата, вградете џакузи/хидро-масажна када во домот, што ќе ви овозможи состојба на целосно опуштање. Место каде „се полнат батериите“, интимно катче каде се раѓаат нови идеи, што ни помага да заборавиме на стресот и на секојдневните нервози.
Редовниот престој во топла хидромасажна када, помага да се намали ризикот од кардиоваскуларни болести, а помага и при ублажување на болките во мускулите и телото, како и при третирање на спортски повреди.
Благодарение на компанијата Пирин Експорт, долгогодишни лидери во индустријата за сауни и #СПА, достапни се хидро-масажни кади од најновата генерација.
Се работи за премиум модели на џакузи, единствени на нашиот пазар и пошироко, кои сега се достапни за инсталарање во вашиот дом или спа. Технолошки напредни, со врвен дизајн, но и со можност за избор на боја. Квалитетно изработена школка со највисок степен на топлинска изолација и енергетска ефикасност во индустријата. Уште една важна разлика во споредба со другите кади на пазарот е ултра-силниот екстериер и металната под-конструкција, отпорна на корозија и идеална за сите временски услови.
Покрај употреба на материјали кои се водечки во индустријата, овие џакузи вклучуваат и моќни млазници, LED светилки кои ја осветлуваат водата во различни бои на површината и на подот, како и осветлен водопад, што комплетно придонесува за креирање волшебна атмосфера. Нудат и голем избор на модели со од 4 до 8 позиции за лежење и седење, Wi-Fi управување, како и 2 ултра-моќни хидромасажни пумпи, истакна Васил Филипов сопственик на компанијата Пирин Експорт.
Нема ништо подобро од смирувачка хидро-масажа додека ја слушате вашата омилена музика, радиостаница или поткаст, поврзани преку вашиот телефон со Bluetooth.
Во услови кога сме сè помалку физички активни, имаме сè повеќе обврски и стрес, џакузито во домот може да биде вистински избор.
Затоа не губете време, не одложувајте повеќе и направете го она што го сакате. Животот е премногу краток за да не уживате во него, а времето одвоено за себе е исклучително важно за физичкото и психичкото здравје.
070 393-898 / 071 268-474 info@pirinexport.com.mk www.sauna.mk https://www.instagram.com/pirinexport/