Каракачанов: Македонците треба да се освестат и да станат нормален народ, да не кажам добри Бугари
Красимир Каракачанов втор ден по ред ја напаѓа Македонија.Тој денеска порача дека Македонците треба да се освестат и станат нормален народ, односно според неговите зборови добри Бугари.
-Не сакам да бидам запаметенкако глупак во историјата кој што тргнал со добра намера да помогне на еден народ, но од македонска страна имаат обичај да тресат. Треба да се освестат и дастанат нормален народ, да не кажам добри Бугари, вели Каракачанов
Инаку, Каракачанов и вчера реагираше кога е во прашањеМакедонија. Изјавата на Заев од собраниската говорница дека македонскиот јазиксега ќе се изучува и во Грција, а преспанскиот договор не може никој да го оспорува, го налути министерот за одбрана на Бугарија, кој порача дека тоа можеда не чини ЕУ и НАТО. Вицепремиерот во Владата на Борисов му порача на нашиотпремиер дека нема да дозволат компромиси со бугарската историја, нарекувајќи гомакедонскиот јазик бугарски дијалект.
-Од договорот непроизлегуваат правата кои Заев вештачки си ги препишува. Македонскиот јазик кој не е признат од никого, не може да биде официјален на територија на целатаСеверна Македонија. Овој термин е географско име кое ги вклучува тековнитеземји од Република Бугарија. Г-динот Заев, со оваа широчина утре, може дапобара употребениот, сосема идентичен бугарски дијалект да се изучува какоофицијален странски јазик и кај нас. Ова е неприфатливо. Ова е провокација “,вели Каракачанов.
Додека Каракачанов вели дека македонскиот јазик е бугарскидијалект, а Македонците треба да сфатат дека се Бугари, од македонското МНР велат дека ќе се продолжи со градењето пријателство во духот на потпишаниот договор меѓу двете држави.
-Потпишавме договор за пријателство и ќе градимепријателство, но тоа подразбира меѓусебно разбирање, почит и грижа за интересите на соседот. Република Македонија и понатаму ќе продолжи со својатапроактивна, конструктивна и добрососедска политика, во духот и на потпишаниотДоговор со Бугарија и на европските вредности по кои се водат двете земји,соопшти МНР.
Инаку, Какарачанов не е единствениот бугарски политичар кој го негира македонското постоење, на иста линија со него е и министерката занадворешни работни во Бугарија, Екатерина Захариева, која вели дека требало дасе избришат трагите од „перењето мозоци“ дека постојат Македонци.