Поранешен полицаец е силувачот и серискиот убиец по кој се трагаше 30 години
Поранешен полицаец од Сакременто е осомничен за серија убиства пред повеќе од 30 години во Калифорнија, јавуваат тамошните медиуми. Наводниот „Голден стејт убиец”, Џозеф Џејмс Д.(72) беше уапсен во неговиот дом во Цитрус Хајтс, предградие на Сакраменто.
Осомничениот бил пронајден со помош на ДНК-тестови на траги пронајдени на сцените на злосторствата.
Поранешниот полициски службеник е осомничен дека во 70-тите и 80-тите години од минатиот век извршил 12 убиства, повеќе од 45 силувања и преку 120 провали. Често тој напаѓал жени кои се сами дома .
Десетгодишната криминална серија започна во 1976 година со силување на 18-годишна девојка во северниот дел на Калифорнија.
Повеќето убиства пак беа извршени во Јужна Калифорнија.
Суровите дејства на сторителот сееја страв и трепет во американската сојузна држава цела една деценија. Маскираниот човек често ги изненадувал своите жртви во нивните домови, ги врзувал сопрузите со лисици, ги силувал жените, а потоа ги убивал.
Истражителите Џозеф Џејмс Д. го нарекуваа уште и „Силувач од источната област“ и „Оригинален ноќен стокер“, но сега конечно можеме да го именуваме како обвинет, соопштија властите.