Неверојатно видео: Бебе на автопат за малку ќе беше прегазено

loading...

На интернет се појави шокантна снимка од автопатот во Виетнам, на кој се гледа бебето среде патот.

Снимката е направена во виетнамската провинција Кванг Нињ, а на неа се гледа како возачот наеднаш застанува бидејќи наишол на камион кој застанал во другата лента.

На снимката се гледа како возачот на камионот ја испружил раката од кабината во обид да го запре возачот на автомобилот.

Детето, благодарение на внимателноста на возачот поминало без повреди, но и мал момент на невнимание можел да биде сосема доволен за оваа необична ситуација да се претвори во вистинска трагедија.

Кога детето ги исползило двете коловозни ленти, од лева страна на патот дошла жена која ја прескокнала оградата меѓу лентите и го земала бебето во раце.

Translate »