Двајца војници се ранети во Тетово
Двајца војници на АРМ утрово биле донесени во клиничката болница во Тетово со прострелни рани од огнено оружје во пределот на карлицата, јавува СДК.
Според порталот, војниците поради сериозноста на повредите веднаш биле префрлени во Клиничкиот центар во Скопје.
Порталот повикувајќи се на неофицијални информации од касарната во Тетово јавува дека војниците најверојатно се повредиле поради невнимание.