Закерберг: Во Македонија беа пронајдени голем број на лажни профили
Основачот на социјалната мрежа „Фејсбук“, Марк Закерберг во интервју за СИ-ЕН-ЕН изјави дека во 2017-та година за време на специјалните избори за Сенатот во Алабама, компанијата употребила нови алатки со цел да се откријат лажни профили кои се обидуваат да шират лажни вести. Тогаш биле пронајдени голем број лажни профили од Македонија, од каде што се ширеле лажни вести.

„Пронајдовме многу такви лажни профили од Македонија. Не очекува напорна работа за да им отежнеме на државите како Русија да се мешаат во избори, да спречиме други луѓе да шират лажни вести“- вели основачот на „Фејсбук“.
Закерберг рече и дека е подготвен да сведочи во врска со нелегалното собирање податоци пред американскиот Конгрес, доколку тоа се побара од него. Меѓудругото, изрази сомнеж оти некој се обидува да ги спречи ноемвриските избори за Претставничкиот дом на Конгресот на САД и Сенатот и додаде дека е сигурен оти ова е нова верзија на она што го правеле Русите во 2016-та година. Рече дека „Фејсбук“ планира да го зголеми бројот на луѓе задолжени за безбедноста во компанијата до 20 илјади.
Закерберг призна дека „Фејсбук“ згрешил
Основачот на „Фејсбук“ Марк Закерберг призна дека „Фејсбук направил грешки“ во случајот со аферата со „Кембриџ Аналитика“. Потврди дека се случило „прекршување на довербата“ меѓу креаторот на апликацијата Александар Коган, фирмата „Кембриџ Аналитика“ и „Фејсбук“. Најави дека ќе ги истражи сите апликации кои имале пристап до информациите и вети подобра заштита на корисничките податоци.
„Ние имаме одговорност да ги заштитиме вашите податоци, а ако не го сториме тоа, не заслужуваме да ги служиме“- напиша Закерберг на „Фејсбук“.
Компанијата „Фејсбук“ загуби околу 37 милијарди долари по скандалот со протекување лични податоци на повеќе од 50 милиони корисници. Тоа придонесе за пад на вредноста на акциите на социјалната мрежа за околу 7 проценти.
Целото интервју погледнете го овде