Бев љубовница, а сега сум сопруга… и газдарица

Не постои жена која ќе се задоволи со улогата на втора виолина. А јас станав токму тоа , љубовница на женет човек.  Никогаш не сум верувала дека мене такво нешто може да ми се случи. Не дека беа изгубена и невина…. Ама  со женет, никогаш, тоа беше моето мото и принцип. Бев надежна и млада новинарка, амбициозно дете од провинција. Го запознав на  бизнис  конференција во Александар Палас. Во ходникот му побарав изјава, а тој ми  го даде бројот на телефонот, имал дополнителни информации… Отидов кај него на работа еднаш, а потоа уште еднаш…

Првиот бакнеж падна токму таму, во неговата канцеларија,а јас  буквално избегав од неговата страсна прегратка, знаев дека е женет.  Утредента ми се јави да ми се извини и ме покани на вечера. Се двоумев, но  прифатив. Додека вечеравме во ексклузивниот ресторан ми  раскажа дека има проблеми во бракот и дека е  пред развод. На одење нежно ме прегрна, ме погледна во очи и ме  бакна во чело, и толку…. во тој момент знаев,  а и тој знаеше  дека ќе бидам негова.

Почнавме редовно да се гледаме. Му се препуштив целосно, со душа и со тело. Се наоѓавме тајно по скопските хотели, шампанско, јагоди , секс, точно по тој ред.

Дома криев, мајка ми ќе ме убиеше да знаеше. А тој,  во  ГТЦ покрај мене помина  со жената, како да сум невидлива. Сепак бевме среќни…

На работа дознаа. Потсмешливо почнаа да ме нарекуваат” госпоѓа број 2 , ” , стискав заби, но кога бев со него се заборавав.

Еден ден престана да ми се јавува. Не ми одговараше на повиците .Цела недела помина, а од него немав слушнато ни глас. Помина уште една недела. Се истурив од плачење, знаев дека е крај.

Конечно, се јави. Ме замоли да се најдеме. Го очекував најлошото, седнавме , а јас почнав да плачам : Ме предаде, му реков ,низ солзи. Тој ме фати за  раце и со мирен и цврст глас ми кажа дека  и побарал развод на сопругата.

Оттогаш поминаа десет години. Живеам со човекот што го љубам. Заедно ја градиме нашата империја, а од нашата љубов се роди детенце кое , во секој момент, ме потсетува дека не сме направиле грешка и никому зло.  Затоа ви велам, верувајте во својата љубов и не се откажувајте од мажот кој го сакате.

 

 

 

 

Translate »